Почина македонската пејачка која ја нарекувана е македонската Весна Змијанац

0
345

Попладнево на социјалните мрежи се прошири тажна вест која вели дека починала македонската пејачка Небахат Бади Бекир.

Познатата фолк пејачка Бади Бекир многумина ја нарекуваат македонската Весна Змијанац, а како што нејзината колешка Силвана Крстовска во една пригода ќе истакне, Бади е една од најатрактивните фолк-дами на сите времиња.

Малкумина знаат дека нејзиното вистинско име е Небахат, а своевремено беше дел од познатата македонска фолк група „Четири грации“ со своите колешки Адријана Алачки, Росана Тодоровска и Благица Павловска.

Бади своите први чекори на сцената ги прави во детските денови како член на играорната група изучувајќи го истовремено и македонскиот и турскиот фолклор. На музичката сцена дебатира во 1985 година на фестивал за забавни мелодии, а паралелно пее на турски, албански и македонски јазик.

Најплоден период на нејзината кариера е за време на големите југословенски турнеи. По распадот на Југославија и се посветува на македонската фолк песна. Следат настапи на македонските фестивали, соработка со бројни автори и турнеја во австралија во 2002 година. Во 2004 година станува една од Грациите. Во 2006 година прославува 20 години постоење на естрадата