„Почина во моите раце! Не дочека да го слушнеш како Роел те вика тато“ – потресни зборови на сопругата на македонскиот пејач кој почина

0
179

По смртта на Шпатат Касапит, реагираше Селвије Џао, сопругата со која албанскиот пејач го има синот Роелин, објави ТВ21. Џао објави дека Шпатат починал во нејзина близина, покрај нивниот син, за кого се бореле да обезбедат подобар третман кај логопед.

„Почина во моите раце, о животе… Колку бевме среќни што за Роел конечно ги завршуваше документи во Италија, за да можеме што поскоро да го однесеме кај најдобрите логопеди. Колку бевме уморни, колку бевме под стрес… и никој не знае…

Колку бевме блиски, колку соработувавме во нашата приватност, уживајќи во растот и развојот на Роел. Не дочека да го чуеш како вика тато… но очекуваше, Шпат. Побрза и нè остави тука сами, без тебе. Го остави Роел сираче, о Шпат…

Во времето кога најмногу му требаше. Во времето кога му требаа твоите раце повеќе од кога било. Како да му објаснам на Роел дека неговиот татко повеќе го нема. Секогаш ми кажуваше дека ќе ме сакаш додека смртта не нè раздели… но зошто го остави животот во моите раце, зошто ми го скрши срцето вака, о животе? Иншалах, ќе се сретнеме во рајот…