Масовно труење на деца во скопското основно училиште „Димо Хаџи Димов“. Поголем број на ученици од прво до петто одделение пријавиле стомачни болки.
До сега се хоспитализирани три деца, но бројот расте. Меѓу нив е и синот на премиерот Христијан Мицкоски – потврдија од Владата за ТВ 24.
-Не верувам дека труењето настанало поради млекото. И да имало едно расипано тетрапак млеко, од него би се затруле 5-6 деца, но не 40 и повеќе.
Ако сепак причинител е храна, најверојатно се работи за ендотоксин кој го има во месото, но нека покаже анализата на надлежните за што точно се работи.
Иако термички обработени, најверојатно останала некоја бактерија, иако бактериите во принцип се распаѓаат при печење. Ако се работи за труење со салмонела, симптоми ќе имаа за 2-3 дена а не веднаш, како што се случило“, изјави докторот Никола Пановски за Мета.мк
