Официјално потврдено: Словенците го усвоија новиот закон со кој израдуваа голем број и Македонци

0
134

Вчера, Словенија официјално го потврди законот со кој се воведува целосно признавање на возачките дозволи за граѓаните на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Македонија и Косово. Одлуката претставува важна административна промена за илјадници работници и жители од овие земји кои живеат и работат во Република Словенија.

Според потврдените информации, Словенија ќе овозможи директна размена на важечки возачки дозволи од споменатите земји без дополнително полагање на возачки испит. Ова е долгогодишно барање на странските работници, работодавачите и синдикатите, особено во секторите каде што возачката дозвола е клучен услов за вработување.

Текстот на законот ќе биде објавен во Службениот весник на Република Словенија, каде што ќе бидат прецизирани процедурите за замена, потребната документација, роковите и можните преодни одредби. Со објавувањето во Службениот весник, законот стапува во сила, што ќе овозможи негова примена во сите административни единици, пишува ГП Маљевац.

Со воведувањето на оваа мерка, Словенија очекува да го поедностави процесот на вработување во логистичкиот, градежниот, индустрискиот и услужниот сектор. Работниците што доаѓаат од Македонија и регионот повеќе нема да бидат принудени да полагаат дополнителни тестови, што честопати предизвикуваше финансиски и административни пречки.