Бал под маски  во ВМРО-ДПМНЕ

36  пратеници од сегашниот состав повторно се кандидати на “новата” листа на ВМРО ДПМНЕ. Дали ова е новото руво на веќе добро познатиот состав или бал  под маски? 

Како освежување на листата во изборна единица 3, носителот Ковачки и “новото” лице на општинскиот комитет на Штип, Никола Мицевски.

Класично однесување и постапки од страна на ДПМНЕ: уста полна барања за нови лица кај опонентите, додека тие самите веќе повеќе од десет години во континуитет кандидираат еден те ист човек за пратеник.

Освен безидејноста, ДПМНЕ покажува и комплетна неспособност за промени, па на избори во Штип трчаат со истата личност која веќе повеќе од една деценија ја запоседнува пратеничката фотелја.
Тоа е истиот пратеник кој беспоговорно креваше два прста на секоја лудост предложена од Груевски, истиот пратеник кој послушно ги следеше наредбите од Белата Палата и не помрдна ни со прст за да им помогне на колегите пратеници при упадот во Собрание и повеќекратните обиди за убиства тој кобен 27 април.

Тоа е истиот тој пратеник соголен од принципи кој за да освои политички поени креваше галама против изолирано и комплетно безбедно гласање од страна на заболен од КОВИД-19 пратеник, за после само неколку месеци самиот тој заболен од Ковид да си отиде во Собрание и да си гласа за партиски интереси и сето тоа во духот на вмровското лицемерие, занемарувајќи си ги сопствените зборови и наводни принципи.

Никола Мицевски како добро задоен вмровски кадар својот пат кон врвот го започнува во далечната 2013 година, година во која директоруваше во ЈП Исар  за потоa да ја зграби пратеничката фотелја и еве до ден денес добро ја варди.

Со овој ли комплетно лишен од скрупули политички лик ДПМНЕ ќе се обиде да ја освои поддршката од штипјани?