Дилема: Ќе може ли да се гласа со старите лични документи?

Сите лични документи со старото уставно име, чија важност не е истечена, треба да бидат валидни на денот на избори, смета поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, бидејчи како што вели, избирачкотот право се добива врз основа на полнолетство и државјанство.

Вељаноски, кој во минатото беше дел и од Државната изборна комисија потсетува на изборите од 1998 година, Државната изборна комисија донела упатство, да може да се гласа и со документи од СФРЈ, но кои имале важност.

Од Државната изборна комисија пак, велат дека можат да работат само врз основа на валидни документи. При тоа нагласуваат, дека личните карти и со старото име ќе си важат на денот на гласањето. Проблем би биле само старите пасоши, па затоа од ДИК предложиле измени на Изборниот законик за и тие да се сметаат за важечки.

Но вакви измени, тешко стигнуваат до пратениците и мали шансите да бидат донесени до гласањето.

Во меѓувреме тече собирањето на потписите на 11 кандидати пријавени за да влезат во претседателската трка. Според неофицијалните податоци на ДИК за вчерашниот ден, Бујар Османи од ДУИ веќе има собрано повеќе од половина од потребните 10.00 потписи, зад него Максим Димитриевски од ЗНАМ со над 3, 5 илјади потписи и професорката Внаковска од Левица со 2.700 потписи. Она што е интеренсо е дека Арбен Таравари е подолу на листата со околу 250 потписи, но познавачите коментираат дека тоа може да е партиска стратегија.

Продолжуваат меѓусебните обвинувања за неприваилности во процесот. Од албанската опозиција објавуваат снимка на која наводно се гледа дека ДУИ потписите за Османи ги собира во партиските штабови. Османи, според известувањето од ДИК, може да собира потписи само во подрачните единици на изборната комисија.

Од ДУИ велат снимките не се од собирање на потписи, туку од граѓани што се зачленуваат во ДУИ.

Потписи ќе се собираат до 8 март. Гоордан Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ по партиската конвенција за 3 март ќе се кандидира и со граѓански потписи и со пратеничка поддршка, а неизвесно е како ќе постапи Стево Пендаровски од СДСМ.