Железници тонат во долгови, владата префрла пари за плати

Нова буџетска инекција за Македонски железници. Владата му додели 2,5 милиони евра на МЖ транспорт, пари за плати, но и за враќање на долговите.

Оваа одлука е донесена на седница пред една недела, а е вонредна и не е дел од редовното субвенционирање на транспортот на патници. Одлуката доаѓа во момент кога ова претпријатие со дави во долгови. Минатата година ја заврши со дупка од дури 64,7 милиони евра.

– Ставката разни трансфери е зголемена за 151.000.000 денари, кои ќе се користат наменски за исплата на плати и надоместоци од плата на вработените, како и плаќање обврски кон други доставувачи на „МЖ– транспорт АД Скопје.

Ова е втора субвенција за МЖ транспорт во последниве три месеци. НА 10 ноември лани овој загубар продаде акции и доби 16 милиони евра надвор од редовното субвенционирање, оти не можеше да си плати за струја. МАкедонските железници со години тонат во долгови. Двете претпријатија – транспорт и инфраструктура 2023 ја завршија со вкупен долг од 105 милиони евра, 5 милиони повеќе од претходната година, кога инфраструктура се задолжила за нови 8 милиони евра. И додека работниците во Траспорт постојано мораат да штрајкуваат за плати, во последните пет години, директори, советници и членови на надзорен одбор, од ова претпреијатие потрошиле околу еден милиони евра за нивните плати. Иако се променија повеќе директори, решение за колапсот не се најде.