Интер Мајами со победа тргна во новата МЛС сезона

Интер Мајами го имаше посакуваниот старт на новата сезона во МЛС, на свој терен славеше над Ријал Солт Лејк со 2-0.

Меси и Суарез не постигнаа голови, но беа асистенти. Аргентинецот додаде за првиот гол на Тејлор во 39. минута.

Уругваецот беше асистент на погодокот на Гомез во 83. минута со кој беше поставен конечниот резултат.

Сите четири ѕвезди на Интер Мајами, Меси, Суарез, Алба и Бускетс беа стартери на овој меч.