Пратениците на ВМРО-ДПНЕ со дипломатски пасош на РМ поминаа граница, Џафери бара да бидат разрешени

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Лефков и Петрушевски во инспекција на македонската граница. Со важечки дипломатски пасош на Република Македонија без никаков проблем поминаа граница, но не и со обичниот.

Граничарите ги пуштија со образложение, дека немаат насоки како да постапуваат со дипломатските пасоши со старото уставно име. Во видео кое го споделија велат дека граѓаните се заробени како во кафез и бараат веднаш да се изгласаат измените на Законот за патни исправи.

Техничкиот премиер Џафери пак бил убеден дека никој не поминал граница со стари документи, па дури и со дипломатски пасоши. Побара веднаш да бидат разрешени тие кои го искористиле дипломатскиот пасош со старото име, а пратениците од опозицијата ги обвини дека ширеле лажни вести.

И од СДСМ бараат пратениците да ги вратат дипломатските пасоши.

И додека партиите меѓусебно се обвинуваат, граѓаните и по неколку часа во редици чекаат да ги подигнат готовите документи. Оние кои се фотографирале во редовна постапка и по два месеца се уште не ги добиле.

Иако нема голема гужва за фотографирање, граѓаните велат дека чекале и по неколку месеци да стигнат на ред за документи.

Откако министерот за вантрешни работи Тошковски обвини дека се прави саботажа околу целиот процес со пасошите, неговиот заменик Бојмацилиев на Фејсбук објави дека пратката од 140.000 обрасци за патни исправи, е на пат кон Македонија. Најавува и нова пратка од 85 илјади обрасци за пасоши.

Со одлука на Влада, МВР на дневна основа треба да даде извештај колку обрасци ќе бидат искористени, колку пристигнале, но и колку лични документи се издадени.