Приведени двајца осомничени за убиството на 14-годишното момче од Прилеп

14-годишното момче успеало да помине неполни стотина метри по Булеварот кога паднало окрвавено. Екипата на итната помош констатирала крвави рани по телото и без видливи знаци на живот. Ниту напорите на одделот за реанимација во прилепската болница не биле успешни.

Од полицијата велат дека веќе го решиле случајот. Уапсени се двајца од селото Сенокос, долненско – еден малолетник и 21-годишник осомничени за убиството. Малолетникот го признал делото. Оттаму е и убиеното момче.

Граѓаните се вознемирени и со осуда на овој свиреп настан.

Прилепското обвинителство побара притвор до 30 дена за осомничениот малолетник, а 21-годишникот е задржан на испитување во својство на сведок. Меѓу малолетниците подолго време постела голема нетрпеливост.