Сања Лукаревска во посета на СЗД „Бардаче“ Злетово – една од ретките традиционални грнчарски работилници во Македонија

СЗД „Бардаче“ Злетово е една од ретките грнчарски работилници во Македонија која сеуште на традиционален начин изработува предмети од глина.

Чичко Лазар, грнчарството го работи со голема љубов, негувајќи го семејното наследство, кое ревносно се пренесува со генерации…

Ми објасни дека грнчарството бара посебна умешност за мануелно обликување како и смисла за естетика. Глината се обработува рачно, со помош на грнчарско колце, а се изработуваат бардачиња, грниња, ќупови, стомни, тави и други предмети од керамика.

Паушалист за пример.

Грнчарството е важен дел од нашата култура и традиција, која треба да ја негуваме.