Се следи трендот: Николовски најави проект за адаптација на земјоделството кон климатските промени

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски учествуваше на Регионалниот дијалог на Зелениот Килматски Фонд за Источна Европа и Централна Азија под покровителство на вицепремиерот Фатмир Битиќи, а во присуство на високи претставници на Зелениот Климатски Фонд кој е најголем глобален мултилатераларен фонд за климатски промени.

– На состанокот учествуваат владини претставници и меѓународни организации од повеке од 20 земји на кои ќе им биде претставен новиот стратешки план за соработка со фондот. Република Северна Македонија веќе активно користи финансиски средства од Зелениот климатски фонд. Задоволство ми е да најавам дека, во тесна соработка со Вицепремиерот и Food and Agriculture Organization of the United Nations (FAO) на почеток на 2024 година започна проект кој ќе овоможи развивање на голема програма за адаптација на земјоделството кон климатските промени во два региони во нашата држава (југоисточен и пелагониски) за финасирање од Зелениот Климатски Фонд со која ќе придонесеме не само кон заштита на земјоделското производство од климатските промени, туку и економски раст и развој во руралните средини во овие региони, порача министерот Николовски.