Фудбалерките закажаа две контроли со Грузија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на Грузија.

Контролните средби ќе бидат одиграни во Тбилиси, Грузија.

Првиот натпревар против Грузија, избраничките на селекторот Кирил Изов ќе го одиграат на 25 февруари во 15. часот.

Три дена подоцна овие две селекции ќе го одиграат и вториот меѓусебен контролен меч, со почеток во 15. часот.