Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ денес беше во Лозово, каде имаше средба со граѓаните, заедно со кандидатот за градоначалник Ацо Велковски од редовите на СДСМ.
-Лозово четири години е оставено на милост и немилост – општина што тоне во очај и безидејност поради неспособноста на ДПМНЕ. Но, Лозово не заслужува вака! Лозово заслужува домаќин, работник и борец за интересите на граѓаните.
Затоа Ацо повторно е нашиот избор! Човек кој веќе покажа што значи да се биде вистински градоначалник – со чесна работа и многу реализирани проекти: нова градинка, спортска сала, патот Милино – Каратманово, водовод и канализација, осум нови улици, мултикултурен центар.
Само овие инвестиции вредат 4 милиони евра, а тука се и новите инвестиции во фабриката за сочна храна и биогасната централа. Кога Лозово беше со СДСМ, се градеше и се развиваше. Денес со ДПМНЕ – се распаѓа и тапка во место.
Време е за пресврт! Време е Лозово повторно да се изгради, да заживее, да блесне! Да му дадеме поддршка на Ацо и заедно да ја продолжиме градежната офанзива!, напиша Димитријевиќ.