Вработените во Паркови и зеленило, заедно со нивните колеги од Флораком и Луна, 2 часа ги блокираа булеварите Илинден и Партизански одреди.
Си ја бараа августовската плата и здравственото осигурување – без кое останаа од денеска. Притисокот попладнево даде резултат, платата им беше испалтена но само на вработените во Паркови и зеленило. Останатите – утре ќе продолжат со протест на булеварот Илинден.
Покрај плата, вработените бараат и додатоци на плата, регрес за годишен одмор, јубелејни награди, како останатите вработени во јавните институции.
Ова не е прв пат вработените овие јавни претпријатија да останат без плата. Во август протестираа за неисплатена јулска, која ја добија на крајот на месецот.