Демант од Трајче Стојчевски: Очајнички обиди од одредени медиуми под контрола на власта, да се извалкаат одредени имиња, меѓу кои и моето

Претседателот на СДСМ, Трајче Стојчевски веднаш одговори со демант, откако дел од медиумите, како што вели тој, блиски до власта, сакаат да да извалкаат неговото име.

-Очајнички обиди од одредени медиуми под контрола на власта, да се извалкаат одредени имиња, меѓу кои и моето, всушност го потврдија спротивното, дека постапуваме само по закон.

Од текстот објавен, јасно е видливо дека сакаат да го злоупотребат моето име и презиме, но тоа не им успева.

Ниедна манипулација на ВМРО-ДПМНЕ и нивните медиумски мегафони на една недела пред изборите нема да го покрие фактот дека функционерите на ВМРО-ДПМНЕ во сите институции се виновни за случајот Пулс.

Во секоја работа којашто сум ја работел, сум имал искрен и чесен пристап, така било така и ќе остане!