Ако најавите се оствара – ова би било најголемиот удар за Македонците со бугарски пасош

0
1189

Андреј Ковачев (ЕПП), бугарскиот европратеник инсистира на итна промена на бугарскиот закон за државјанство, со воведување на контроверзна одредба: формирање на јавен регистар за сите граѓани на Македонија кои веќе добиле или се во постапка за добивање на бугарско државјанство.

Според Ковачев, оваа бројка изнесува меѓу 170.000 и 180.000 луѓе, со уште 15.000 до 20.000 апликации кои се во моментов во обработка.

Зборувајќи пред бугарските новинари во Брисел, Ковачев го нарече постоечкиот закон „нелогичен“ и побара од бугарскиот парламент и министерот за правда итно да дејствуваат.

Според него, целта на јавниот регистар е да се „легитимира бугарската заедница“ во Македонија.

Според предлог-законот, дел од личните податоци на лицата кои добиле бугарско државјанство – конкретно името и населеното место – ќе станат јавно достапни. Според Ковачев, ова ќе потврди колку е голема бугарската заедница во Македонија.

„Ти самиот си дошол доброволно и си рекол: ‘Еве, баба, дедо се Бугари. Тука се документи што покажуваат дека биле во Егзархијата, во војската, во бугарско училиште. Јас сум потпишал изјава дека се чувствувам како етнички Бугарин, и врз основа на тоа добивам бугарско државјанство’“, ја објасни Ковачев постапката што, според него, ја поминува секој апликант.