Голем удар за Македонија пред клучниот меч со Велс: Милевски со неочекувани проблеми

0
578

Македонската фудбалска селекција отпатува во Велс на клучниот натпревар од квалификациите за Светското првенство во САД, Мексико и Канада .

Но селекторот Благоја Милевски доаѓа на одлучувачкиот меч сокадровски промени. На гостувањето во Кардиф нашиот национален тим отпатува со сите сили, но некои фудбалери имаат физички проблеми и неизвесен е нивниот настап.

Стоперот Висар Муслиу сигурно нема да настапи заради повреда, па не ни отпатува со македонската делегација во Кардиф. Неговата повреда не е наивна и нема доволно време да заздрави. Така Милевски ќе мора да бара друго решение во срцето на одбраната.

Јани Атанасов исто така чувствува болка и по денешниот официјален тренинг во Кардиф ќе се знае неговата перспектива пред натпреварот утревечер. Во неговиот случај има умерен оптимизам и постојат реални шанси за настап.

Селекторот Милевски ќе го одреди тимот веројатно по денешниот тренинг и ќе се обиде да остане непоразен, како и во целиот циклус квалификации. Македонија се бори за подобар статус во ждрепката, па со победа или реми ќе биде во третиот шешир и ќе ги избегне селекциите со највисок рејтинг во ждрепката (Италија, Турција, Украина и Полска).