Деан Ангелов од Велес на својот фејсбук профил сподели статус кој за кратко време се рашири масовно.
Полошо не сум се осеќал одамна. Пред малку во дуќан дојде човеков, се вика Злате.Влезе од врата со зборовите не сум просјак не сум лажоман.
И ми извади да видам дека е болен од рак и е со хемотерапија со кесе на стомакот. Ми вика немам пари за ништо, живеам сам со 5000 ден социјално. Ало Македонијо болни луѓе ги оставаш со 5000ден, шо да направи тој човек а?!
Ми побара дали можам да му помогнам утре ќе одел на хемотерапија во Ск, таа била 500 ден. Му викам шо ќе решат ако ја ти дадам сега, ништо, моментално само му дадов 1000ден.
А за натаму како му викам ме погледна со поглед Кој несакате да го видите. Ми вика другарите кои цел живот ги ранев,шетав, ми затвараат врата, ја вртат главата, а ти со еден збор ми даваш 1000 ден, за жал животот е суров.
И не знаеш кога што ќе те снајде, ми раскажа дел од неговиот живот како било кога имал се а сега нисшо и како од 85кг сега е на 50кг маж.
Луѓе не сакам да должам, само сакам да му помогнеме доколку е можно и кој сака да донира едно кафе кое го пиете за него. Значи многу ќе направам кутија за донација во бутик ВЕНЕРА па ако ве има дојдете помогнете. животот е тркало никој незнаеме што не чека…Или барем шерувајте може ќе види некој што треба
