По скандалот што се случи во Велес, кога Цеца на својот концерт стави бугарско знаме на себе, македонскиот пејач и победник на „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ, се огласи преку Инстаграм стори, што предизвика бурни реакции во јавноста. Во сторито, Станишиќ застана во одбрана на Цеца, наведувајќи дека пејачката била „изманипулирана“ и дека не би направила ништо намерно за да го навреди македонскиот народ.
„Жената која ми помогна да го отсонувам сонот вчера во Велес била изманипулирана и тоа од свој фан. Задачата на музиката е сите да не сплотува – Македонци, Срби, Бугари, Грци… сите сме луѓе! Не дозволувајте политиката да влијае на здравиот разум!“, напиша тој.
Но делот што најмногу ја разбранува јавноста беше крајот на неговото сторi, каде Станишиќ напиша:
„Се буните сите, а пола Македонија е со бугарски пасош. Срамота! Многу злобен народ сме“, додава Станишиќ.
Откако ги освои срцата на публиката и победи во „Ѕвезда Гранда“, младиот пејач од Македонија, Никола Станишиќ, сè почесто го посетува Белград. Неговото присуство во главниот град не останува незабележано, па многумина се прашуваат дали Никола можеби се преселил во Србија?
Станишиќ гостуваше во емисијата „Не е лесно да се биде јас“ , каде отворено зборуваше за својот став кон Белград и новото поглавје во неговиот живот.
– Престојував тука цела година. Убаво ми е, поубаво ми е тука отколку дома, но во ред. Често одам на емисии, се дружам, запознавам нови луѓе, естрадни уметници – рече тој и додаде со насмевка:
– Дома сите ме викаат „Ѕвезда“., пренесува порталот Гранд нова.
