За жал утрово се случила уште една страшна сообраќајна несреќа во Македонија, а за сериозноста на истата доволно говорат неколкуте фотографии.
Имено на истата интервенирале дури три екипи на пожарникари, односно Гевгелија, Валандово и Струмица.
Исто така се гледа дека присутни се и погребално возило, брза помош и полиција.
Денес, (среда) 19.11.2025 година во 08.00 часот, на патот Валандово-Дојран, ТППЕ Струмица со едно ПП возило и тим од пожарникари-спасители заедно со тим на пожарникари-спасители од ТППЕ Гевгелија учествуваше во извлекување на лица од превртено и излетено од патот товарно моторно возило.
Лицата се предадени на екипи на брзата помош. Во случај на пожар или друга природна непогода повикај 112 или 193, стои во објавата на ТППЕ Струмица каде што можат да се погледнат повеќе слика ТУКА.
Повеќе детали се очекува во текот на денот од МВР
