(ВИДЕО) „Ќе се шокирате на што бил спремен сопственикот Деко за профит“ – шефот на ЈО од Кочани по говорот поздравен со громогласен аплауз

0
1851

Шефот на кочанското обвинителство, Борче Јанев на крај од денешното воведно рочиште од судењет за трагедијата во дискотеката Пулс го имаше своето излагање кое беше подолго:

Меѓу дргото што кажа, еден дел најмногу влезе во уши, а тоа е кога кажа дека јавноста ќе се шокира од дејствијата на сопственикот на дискотеката, Деко, кој во оваа стапица го вовлекол и сопственото дете.

-Сопственикот, никогаш не го инересирала опасноста. Ќе се шокирате на што се бил спремен овој човек само за профит.

Ќе видите каков систем сме имале и како всушност не функционирал. Овој човек успевал со години да ги заобиколувал инстинтуционални препреки.

Сите документи кои морал да ги има, ги немал, а и никој не му ги ни барал. Имал логистика, доушници, соработници. Никогаш на овој човек никој не му застанал на патот. Не е важно кој го запалил огнот, туку кој имал кофа вода и не го изгасил.

По крајот на излагањето на Јанев беше поздравен со громогласен аплауз од родителите на жртвите. Видеото од денешното судење може да го погледнете ТУКА.