Не е ниту Панчо, ниту Андреј – познато кој ја активирал пиротехниката кој го запали Пулс

0
2360

Борчо Јанев од кочанското јавно обвинителство во своето денешно излагање на првото рочиште од судењето за трагедијата во Пулс кажа:

„Дејан (газда Деко) и Михајло(синот на газда Деко) го договориле настапот на групата ДНК и се договарале со Владимир Блажев. Пиротехниката не била случајност, туку дел од претходно договорениот сценски настап.

Ваква сценографија групата користела и претходно. Веднаш по пристигнувањето, покојниот Мартин Атанасовски ги внел и активирал пиротехничките фонтани додека се изведувала песната ‘Што сака нека биде’.

Плафонот веднаш се запалил, а објектот – со еден единствен излез – станал смртоносна стапица.“

Судењето се одвива под засилени безбедносни мерки. Покрај обвинетите, во судницата се присутни и родни на настраданите во несреќата што се случи на 16 март, претставници на обвинителството, на одбраната, новинари.