Познатиот српски турбо-фолк пејач Аца Лукас синоќа гостуваше во познат локал во Кавадарци, но настапот што започнал во одлична атмосфера бил ненадејно прекинат околу полноќ.
Според сведоштва на присутни, објавени од повеќе веб-портали, полицијата влегла во објектот и го прекинала настапот.
На 22.11.2025 во 00:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа А.В. (57) од Република Србија. При вршење на акциска контрола во угостителски објекти на подрачје на Кавадарци, од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци, Одделение за криминалистички работи при СВР Велес, инспектор за странци од Регионален центар за гранични работи Југ, заедно со Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд и Управа за јавни приходи, било констатирано дека во угостителски објект во Кавадарци А.В. настапувал без потребната дозвола.
Против А.В е поднесена прекршочна пријава по член 217 став 1 точка 2 од Законот за странци, а од страна на Основен суд Кавадарци му била изречена парична казна. При контролата во истиот угостителски објект констатирани се прекршоци од страна на УЈП за неиздавање на фискална сметка, прекршок согласно Закон за пушење, a од страна на ДПИ е констатирано дека во објектот се присутни поголем број на гости од дозволениот број, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Министерстовот за внатрешни работи во соработка со другите надлежни институции, ќе продолжи и во наредниот период со зајакнати акциски контроли на територијата на целата држава, со цел санкционирање на било какво кршење на законите.
За настанот се огласи и Митко Јанчев, првиот човек на Кавадарци кој во изјава за ТВ Сител кажа:
Беше побарано од Општина Кавадарци да даде дополнителе јавен простор за поставување урбана опрема, маси, шанкови за оддржување на настап, на уметник Аца Лукас. Општината излезе на терен каде утврди дека нема услови заради безбедносни причини и на 14.11.2025 соодветно е одбиено, и писмено и усно.
Кафетеријат има капаците од 200 гости, а внатре имало 700 гости. Има работно време до 01 и се наѓа во станбена зграда, имало тројно повеќе гости, а самиот изведувач не бил пријавен за негов ангажман.
ЈАс само би кажала, Општина Кавадарци која е ажурна и транспарентна нема да дозволи во никој случај да се случи нешто што пред неколку месеци се случи во Кочани
