Денес брутално убиено момчето кое што наводно требала да биде ликвидирано веќе претходно од Македонецот кој се разенсе со бомба

0
266

Изгорен скутер е пронајден попладнево во Нов Белград. Според медиумите, станува збор за скутерот што бил користен во ликвидацијата на Тадија П., кој е водач на навивачите на Партизан од Земун.

Засега нема сигурни информации дека запалениот скутер дефинитивно е поврзан со убиството на водачот на навивачите и целиот случај се истражува.

Како што јавуваат медиумите кај нашито северен сосед, било пронајдено тело со повреди на главата, а потрагата по убиецот е во тек.

– Тадија П. двапати избегна смрт. Тој беше актер во филмската пресметка меѓу навивачите на Газела во јуни оваа година. Камерите потоа ги снимија напаѓачите на скутери како ги опкружуваат автомобилите во кои имало навивачи на Партизан кои се враќале од кошаркарскиот натпревар, а во едно од возилата бил Тадија П. Напаѓачите потоа пукале и тогаш – рекол изворот на Курир, додавајќи дека Тадија П., како што се сомнева, бил и цел на бомбашите од улицата Косовска.

– Македонскиот модел Мартин Сипковски (21), кој загина на 30 септември во експлозија во изнајмен стан на улицата Косовска во центарот на Белград, според оперативните информации, бил ангажиран да го убие водачот на навивачите Тадија П. – вели изворот и потсетува дека Сипковски, како што се сомнева, случајно активирал експлозив во станот, по што бил убиен, пренесува српски Курир.