Утрово крвава драма во беровско: Нападнат малолетник со стаклен предмет

0
171

Утрово во атар на Општина Берово се случил сериозен инцидент за кој од МВР информираат:

Денеска (23.11.2025) во 08:15 часот во с.Русиново, беровско, полициски службеници го лишија од слобода Ј.К.(25) од с.Русиново.

Постапувајќи по претходна пријава дека во викенд куќа во селото, по претходна расправија, со употреба на стаклен предмет нападнал малолетник од Македонска Каменица, при што му нанел тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.