Утрово од Гевгелија пристигна вест дека се упокоил познатиот гинеколог, Венци Чалков.
Во очите на јавноста ова име доспе за судењето за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе.
На обвинителна клупа се најде со уште тројца свои колеги, а тој на крај доби ослободителна пресуда.
За потсетување, случајот заврши со само еден осуден доктор, еден почина, а имаше уште една ослободителна.
