Запален службениот автомобил на градоначалничката Марија – еден лице веднаш уапсено

0
183

Полицијата приведе едно лице за палење на службеното возило на градоначалничката на Мостар, Марија Кордиќ, на почетокот на оваа недела, потврдија за Хина од МУП на Херцеговско-неретвската жупанија (ХНЖ).

„Лицето кое е поврзано со пожарот под возилото на градоначалникот на Мостар е донесено во просториите на полицијата, каде што ќе биде испрашувано“, соопшти жупаниското МУП, со седиште во Мостар.

Додадоа дека потоа ќе биде предадено на Обвинителството на ХНЖ, кое спроведува истрага.

Службеното возило на градоначалникот на Мостар беше запалено во среда вечерта пред семејната куќа.

Медиумите известуваат дека полицијата утврдила од снимките од безбедносните камери дека две лица биле вклучени во палењето на возилото. Едното прво извидувало, а потоа другото го запалило пожарот.

Во својата прва изјава до јавноста, Кордиќ истакна дека неодамна има „организирано создавање наративи на омраза и напади врз мојата работа, единствено затоа што ги штитиме интересите на градот Мостар“.

Тaa додаде дека таков наратив има свои последици, а овој настан јасно ја покажува целта на оние што го промовираат.

Овој инцидент дополнително ги зголеми меѓуетничките тензии во Мостар, каде што во последните месеци имаше контроверзии околу барањето на Исламската заедница за изградба на исламски центар во центарот на градот. Исто така, бошњачките функционери веќе некое време бараат прекин на изградбата на зградата на Хрватскиот народен театар.