Семејство е обвиено во црно по страшна сообраќајна несреќа во грчкиот град Луц. 24-годишен маж го загуби животот во несреќата, додека неговата 21-годишна девојка е тешко повредена и моментално е на интензивна нега.
Несреќата ја предизвикал 29-годишен возач кој, според видеата, возел со голема брзина и ја изгубил контролата врз возилото и прво удрил во паркирано возило, а потоа и во автомобилот од кој излегувале загинатиот млад човек, неговата девојка, мајка и сестра.
Младиот човек починал на лице место, пред очите на неговата мајка и сестра, а неговата девојка е тешко повредена.
„За жал, децата штотуку пристигнале, паркирале и ваделе работи од автомобилот, кога возачот се појавил со голема брзина и ги удрил“, рекол чичкото на повредениот млад човек, Јанис Политопулос. Тој додал дека семејството се сомнева дека возачот бил под дејство на алкохол или дрога, но тоа сè уште не е потврдено.
Според информациите, 29-годишниот возач веќе бил вклучен во тешка сообраќајна несреќа во минатото, кога предизвикал несреќа во која сопатникот бил тешко повреден. Наводно бил уапсен и за поседување дрога. По несреќата, возачот бил полесно повреден и приведен од полицијата.
Починатиот 24-годишник живеел во странство, а отпатувал во Грција на неколку часа за да присуствува на матурата на неговата девојка. Видеото од стравичниот настан може да се погледне туке.
