Беше прогласен за најдобар странски ракометар во македонската лига, а несосмено е еден и од најдобрите ракометари на Вардар веќе втора сезона.
Имено десниот бек на „црвено-црните“ Дмитро Хориха во иднина ќе игра за македонската ракометна селецкција откако неодамна доби и пасош
Во ексклузивна изјава за МакСпорт, Хориха потврди дека веќе имал контакти со Кирил Лазаров, дека се е во најдобар ред и дека од април ќе може да го носи „црвено-жолтиот дрес“.
„Да, секако, сакам да играм за репрезентацијата. Тоа беше еден од условите за да го добијам пасошот. Веќе разговарав со селекторот и сѐ е одлично! Трите години пауза завршуваат во април 2026. Потоа сум подготвен“, изјави Хориха за МакСпорт.