Страшна сообраќајна несреќа во Македонија: По ударот се запалило едно возило – 16 годишно дете со тешки повреди

0
70

Во текот на вчерашниот ден дошло до тешка сообраќајна несреќа кој резултирала со повредени лица.

За настанот од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат:

-На 02.12.2025 во 17:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на крстосница помеѓу регионалниот пат за с.Осломеј и ул. „Загорје“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.Џ.(31) од с.Зајас, кичевско и патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(23) од с.Стрелци, кичевско, при што настанал пожар во возилото „форд“. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево пожарот е изгаснат.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила шестгодишна сопатничка од с.Зајас од возилото „форд“, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево.