Српската пејачка згрозена по сцените од куќата на Есма: Каде се денес сите оние деца кои ги одгледа и израсна како свои !?

0
165

Пејачката Јасна Шќепановиќ реагираше на прилогот на српски Телеграф за уништената куќа на покојната Есма Реџепова и ги спомена децата што ги посвои пејачката и ги поведе по вистинскиот пат

– Се прашувам, каде се сите тие деца што Есма ги одгледа како свои денес? Дали некој се сеќава да го посети нејзиниот гроб, кога никој не ја чува куќата на жената што ги хранеше сираците и им помагаше на сите?!

– Звучи сурово, но вистината е едноставна: Најлесно е да се сака некого додека е жив и додека дава. Вистинското почитување може да се види потоа во грижата, во сеќавањето, во тоа да не се дозволи она што го создала да заврши вака – напиша пејачката Јасна Шќепановиќ.

Есма Реџепова почина пред 9 години, а нејзината куќа во Скопско беше напуштена и руинирана.