(ФОТО) Голем број амбулантни и противпожарни возила на пистата на аеродромот во Охрид – познато што се случува

0
182

На аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, вчера, 2 декември, беше успешно спроведена симулациска, показна, вежба за вонредни ситуации и итни случаи.

Сценариото на вежбата беше симулација на судир на авион со птица при полетувањето, што резултираше со откажување на моторот.
Вежбата вклучуваше координирано учество на тимот за спасување и противпожарна заштита на аеродромот, ПП службите од Охрид и Струга, екипите на брзата помош од болниците во Охрид и Струга, Црвениот крст од Охрид и претставниците на АЦВ.

Изразуваме благодарност до сите учесници во оваа симулациска вежба за нивниот професионализам, посветеност и тимска работа за време на денешната вежба.

Како изгледаше настанот низ фото галерија може да проследите тука.