(ФОТО) Досега невидено – Каролина сподели своја фотка кога била на 13 години: Мислев дека само мојата сакана баба Љупка имаше ваква архива

0
70

Македонската пејачка Каролина Гочева сподели фотка со емотивне текст во која вели:

Јас со неполни 13 години за првпат на насловна на Екран.За оние кои не знаат, тогаш Екран беше веројатно најзначајниот пишан музички медиум кај нас.

Синоќа кога ми ја испратија сликава во погледот си ја видов возбудата и тремата што како срамежливо и несигурно детенце ја почувствував кога се јавија и кажаа дека сакаат да ме сликаат за насловна.

Една недела подоцна, дојдоа дома во Битола, во куќата каде пораснав. Сликава ме натера и да размислам колку време е поминато од тогаш, заедно со еден куп исполнети и неисполнети желби и соништа, (како и во сечиј живот).

Единствено останаа непроменети мојата желба музиката да биде дел од мојот живот и мојата верна придружничка – тремата.
Секако, благодарност до ВБУ Музички регистар што постојано изненадуваат со вакви заборавени “blast from the past” моменти.
Па дечки, мислев дека само мојата сакана баба Љупка имаше ваква архива.

Фотката може да се погледне тука.