Тешка сообраќајна несреќа ја потресе вечерва Македонија: Пожарникарите извлекоа три настрадани лица – итно однесени во болница

0
267

Тројца повредени во тешка сообраќајка на патот Караорман – Штип, – извлечени со помош на пожарникари. Тројца луѓе се повредени во тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат меѓу селото Караорман и Штип.

Полицијата излезе на терен и врши увид, а пожарникарите интервенираа за извлекување на повредените од возилото. Сите се пренесени во штипската болница.

Патот е затворен за сообраќај од 19:35 часот, на делот кој важи за една од „црните точки“ во регионот.

Повќе детали СВР Штип ќе објави утре, пренесува ТВ Стар.