Вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа на македонските патишта, а за сериозноста на ситуацијата покажуваат снимките од лице место.
Имено на автопатот Тетово- Гостивар дошло до страшна сообраќјана несреќа, а на терен се бројни екипи на полицијата, итната помош и пожарната.
Од снимките кои кружат на социјалните мрежи се гледа дека на терен има најмалку три противпожарни возила, две амбулантни и повеќе полициски.
Засега не се познати детали дали има загинати или повредени и колкав е нивниот број.
