Страшна несреќа во близина на „Св. Јован Бигорски“ – се трага по возило кое излета во студените води на река Радика

0
116

Доцна попладневно дошло до тешка сообраќајна несреќа во реканскиот крај.

Од ЦУК за јавноста информираат:

Денеска во 15.48 часот, од страна на дежурниот центар Е-112 Охрид е примена пријава за сообраќајна незгода – паднато возило во реката Радика, кај Бигорскиот манастир.

По добиената пријава, Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово остварил телефонски контакт со пријавителот, кој информирал дека возилото се движело со поголема брзина, при што изгубило контрола, се лизгало неколкупати и се превртело, по што завршило во реката Радика, на локација после Манастирот „Св. Јован Бигорски“, извести ЦУК.