Охрид блесна во Атина, убедлива победа над Олимпијакос

Ракометарите на ГРК Охрид продолжуваат со одличните настапи во ЕХФ Европски куп, откако во Атина го совладаа Олимпијакос со 31:26 во првиот четвртфинален натпревар.

Со оваа победа, македонскиот претставник останува со максимален ефект – седум победи на седум натпревари во европското натпреварување.

Охриѓани уште од стартот наметнаа силно темпо и ја презедоа контролата врз натпреварот. Домашниот тим немаше ниту еднаш водство, а резултатот беше израмнет само во почетните минути. До крајот на првото полувреме, гостите изградија убедлива предност од 15:10.

Во продолжението, избраниците на тренерот Ројевиќ сигурно ја одржуваа разликата, која најчесто изнесуваше четири голови. Голманот Кристијан Пилиповиќ блесна со важни интервенции, додека нападот функционираше без поголеми проблеми.

Најефикасен во редовите на Охрид беше Николаос Лиапис со седум погодоци, додека Пилиповиќ запиша 15 одбрани. Кај домаќините, Савас Савас постигна 14 голови.

Реванш натпреварот ќе се одигра на 4 април во спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид, каде македонскиот тим ќе се обиде да го завери пласманот во полуфиналето.