Димитријевиќ со Каја и Оливера во Бутел: Време е за одговорност и промена од корен

Димитријевиќ со Каја и Оливера во Бутел: Време е за одговорност и промена од корен

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ денес заедно со Каја Шукова, кандидатка за градоначалник на Град Скопје од СДСМ и Оливера Ливриниќ кандидатка за градоначалник во Бутел од СДСМ, имаа средба со граѓани.

-Денес заедно со Каја и Оливера разговаравме за Скопје и за Бутел.

Нашиот град е заложник на некадарност и рамнодушност – Скопје се гуши, а институциите молчат.

Ниту една институција не понуди вистинска реакција, план или решение за еколошката
катастрофа.

Време е за одговорност и промена од корен, напиша Александар Саша Димитријевиќ.