Битиќи: Нашата европска визија вели НЕ за сите поделби и ДА на обединувањето

Нашата европска визија вели НЕ за сите поделби и ДА на обединувањето. Обединување околу европските вредности и почитување меѓу себе, со поглед кон заедничката иднина, истакна коносителот на изборната листа на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во изборната единица два Фатмир Битиќи.

Слушам вчера Силјановска вели дека не може Оливер и Фатмир да се број 1 на листата, но Гордана, еве не Македонец и Албанец рамо до рамо заедно. И досега работевме заедно и ќе продолжиме да работиме на економско обединување, потиикнување развој на домашните компании, отворање нови работни места, креирање поволна бизнис клима, повисоки плати и пензии, европски стандард за сите и најважно едно општество за сите. Нема откажување од иднината. Победа во изборна единица 2, порача Битиќи, од големиот митинг на СДСМ и Коалицијата во Скопје.