Ветено пред помалку од 1 месец а денес завршено, Николовски денеска заедно со земјоделците ги потпишаа дел од договорите за продолжување на закуп на земјоделско земјиште во Свети Николе

Пред помалку од еден месец министерот за земјоделство Љупчо Николовски, беше на средба со земјоделците од Свети Николе на кои им беа истечени договорите за закуп на земјоделско земјиште. На средбата земјоделците побараа од министерството да им се продолжат договорите за да можат да добијат субвенции за нивното производство.

Набргу по средбата Николовски информираше дека го исполнил ветувањето најбрзо што може – Владата ја даде согласноста за продолжување на првите договорите за закуп на земјоделско земјиште кои што договори истекоа изминатиот период.

Денеска процесот се финализира со потпишување на првите договори за продолжување.

-Во овој период нашите служби работеа интензивно за административно да ги завршат сите подготовки да може земјоделците да ги потпишат новите договори за продолжување на договорите за закуп на земјоделско земиште на нови 15 години. Владата продолжува со носење на нови согласности, МЗШВ продолжува со склучување на сите договори каде земјоделците имаат поднесено барање. Сите земјоделци кои што имаат поднесено барање во законскиот рок ќе добијат продолжување на договорите на нови 15 години. Никој нема да дозволиме да манипулира со маката на земјоделците. Владата работи во нивен интерес – изјави Николовски.