Николовски во посета на фамилијата Давитковски: Се занимаваат со лозарство, добитници на трактор од ИПАРД програмата

Ја посетив фамилијата Давитковски, од Лозово. Стојан заедно со неговиот син се занимаваат со лозарство и се успешни #ИПАРД корисници, добитници на трактор.

Европската унија е единствената шанса за Македонија. Тоа го гледаме преку многуте успешни #ИПАРД приказни. Веќе е распишан повикот за мерката 3 од ИПАРД 3 програмата, со која на располагање ставаме 14 милиони евра.

Од некогаш заробена и изолирана држава, денес сме држава од која другите земаат позитивен пример. Земја која своето искуство го пренесува на другите. Нашата држава е посочена од Европската Комисија, како една од земјите, која е на нај напредно ниво во делот на усогласеноста на земјоделскиот сектор со европските земјоделски политики и користењето на средствата од #ИПАРД програмата.