Дијаспората денес гласаше: Неофицијалните резултати велат – предност на Стево пред Гордана, гласови има и за Максим и Билјана

Денес глсаше и дијаспората за претседателските избори, а како опција имаа 7 кандидати. Вкупно 2571 гласач се јавиле и се стекнале со право на глас.

Се гласаше на 31 избирачко место во канцелариите на конзуларно – дипломатските претставништва на земјава, каде за избирачките одбори се испратени вкупно 191 член.

Официјалните резултати ќе бидат познати утре, но она што неофицијално го пишуваат луѓето кои гласале односно што може да се види во групите од типот на „Македонци во Словенија“, „Македонци во Швајцарија“, „Македонци во Германија“ и слично.. најголема поддршка добил Стево Пендаровски, кој има блага предност во однос на Гордана Силјановска Давкова. Нешто поскромно, гласови добиле и Максим Димитриевски односно Билјана Ванковска.

Најмногу заинтересирани за гласање во дијаспората имаше во Берлин, Берн, Бон, Виена, Љубљана, Минхен и Торонто.

Дијаспората нема да гласа на парламентарните избори бидејќи бројот на заинтересирани е многу мал и не го исполнува потребниот цензус.