ВАЖНО: Утре е неработен ден за сите граѓани на Македонија

Утре Пазарниот инспекторат ќе контролира дали работодавачите ја почитуваат одлуката за неработен ден. Инспекторат им укажува на сите работодавачи дека 24 април и 8 мај, се неработни денови за сите граѓани на Македонија.

Работодавачите не треба да извршуваат дејност, со исклучок на оние работодавачи каде работните процеси, поради својата природа не може да се прекинат.

Државниот пазарен инспекторат ќе воведе дежурства, а иистите ќе ги контролираат работодавачите, кога е во прашање почитувањето на ваквата одлуката.