Како и секој година: Љупчо Николовски ги донираше годишни дневници за дечињата од домот „11 Октомври“

Детската насмевка и детската радост не се заменливи со ништо на овој свет. А за дечињата од домот “11 Октомври” секогаш имам срце полно радост.

Како и секоја година така и оваа решив сите годишни дневници да ги донирам токму за овие дечиња, на кои им требаат еднакви можности за раст, развој и среќа во животот. Со мојот мал придонес ќе им овозможам пролетен излет за велигденските и првомајските празници.

Воедно сакам да упатам голема благодарност за честа и признанието што домот “11 Октомври” денеска ми го додели.

Да помагаме секогаш кога можеме, да бидеме хумани. Секое дете заслужува насмевка на лицето во убавите празнични денови.