Ковачевски: Скопје вели одлучно „ДА“ за европската иднина на Македонија и полноправно членство во ЕУ!

Објава на социјалните мрежи на Димитар Ковачевски, претседателот на СДСМ:

Скопје вели одлучно „ДА“ за европската иднина на Македонија и полноправно членство во ЕУ!

Европската Унија значи европско образование за децата да ни останат тука, дома.

Европската Унија значи подобри услови и повисоки плати во здравството, за задоволни граѓани!

Европската Унија значи сигурна и безбедна иднина, иднина со заштитен јазик и зачуван идентитет, кој ја гарантира нашата државност!

И од тука, од центарот на нашиот главен град, порачувам – Нема откажување од европската иднина на Македонија!