Левен: ПЕС е горда на својата сестринска партија СДСМ, затоа што направија нешто што конзервативците велеа дека е невозможно

„Во однос на социјалните полкитики поддршката на младите луѓе СДСМ има силна програма, оваа програма следи по одличната работа на СДСМ која ја спроведе во последните неколку години каде под ваше раководство Северна Македонија постојано ги зголемуваше платите, ги прошируваше европските вредности на демократија и слобода и обезбеди членство на државата во НАТО. СДСМ верува дека Северна Македонија треба да биде во срцето на ЕУ,“ порача Стефан Левен, претседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС), на митингот на СДСМ, Коалицијата за европска иднина и кандидатот за претседател Стево Пендаровски во Скопје.

Тој истакна дека и ПЕС како партија е горда што сестринската партија СДСМ успеала да направи нешто што конзервативците верувале дека не е возможно. А тоа е да ги зголеми минималните плати, повеќе од двојно. Со тоа докажале дека зголемувањето на минималните плати нема да го намали бројот на работните места, како што велеле некои. Туку дека значи создавање на пристојни работни места, ценење на работникот и отборање на нови можности за нивните семејства.

Тој посочи дека патот на социјалдемократските вредности е пат за кој е потребно време, бидејќи се бараат најдобрите начини за справување со предизвиците.

„СДСМ е на овој пат тоа го покажа и во минатиот пат кога ја предводеше Македонија за едно посоцијално подемократско и пофер општество. И СДСМ е единствената партија која активно работи на решавање на овие проблеми. И сакаме да продолжат да работат во таа насока. Затоа сакаме СДСМ да продолжи да ги постигнува овие цели и во наредните 5 години,“ порача Левен.