Македонија бележи пад во најновиот извештај на Фридом Хаус- држави во транзиција

Македонија не презеде поголеми чекори за борба против корупцијата и забележа назадување во владеењето на правото, се нотира во најновиот извештај на Фридом Хаус “Нации во транзиција 2024“ , каде сме сместени во групата Циклични хибриди.

Според Фридом Хаус измените на кривичниот законик придонеле за влошување на состојбите и во тој контекст се споменува екс премиерот груевски и неговите најблиски соработнициа, дека и покерај надежите за резултати во борбата со корупцијата истите не биле изведени пред лицето на правдата, за како што се наведува нивните злоупотреби на функцијата во периодот до 2017.

„ Резултатот беше промена на Кривичниот закон во последен момент и многу нетранспарентно изведено на почетокот на есента, што ги направи казните, мерките изречени за осудените заради криминално постапување, но и за злоупотреба на службената функција, да бидат намалени. Ова имаше негативно влијание врз средината кога се работи за корупција. Тоа исто така покажа колку исполитизирано станало судството. Имаше и серија скандали во правосудството годинава, како на пример со Републичкиот судски совет.“- Александра Карпи – една од авторите на извештајот „Нации во транзит“.

Во извештајот се забележува и судирот на партиите околу уставните амандмани потребни поради бугарското вето за пристапување на земјата во Европската Унија и се упатуваат критики кон ВМРО-ДПМНЕ .

„За разлика од Украина или Молдавија, Македонија не презеде големи чекори за елиминирање на корумпираните покровителски мрежи, а моќта продолжи да осцилира меѓу коалициите на истата група партии, како што тоа се правеше со децении. Националистичката партија на Груевски ја опструираше работата на Парламентот додека e опозиција и беше фаворизирана за да победи на претседателските и парламентарните избори во 2024 година. – пишува во извештајот.

Назадувањето е видливо и во регионот, каде пад на оценката бележат Црна Гора и Босна и Херцеговина, најголем пад бележи Србија, а оценката останува иста за Хрватска, Косово и Албанија.