МВР експресно брзо и точно го расветлиле случајот со убиството на Панче и Вања – потврди и внатрешна контрола

МВР на чело со Оливер Спасовски експресно брзо, навремено и точно го разрешиле случајот за двојното убиство на Вања и Панче, кое ја потресе државата.

По доаѓањето на Панче Тошковски на позицијата министер за внатрешни работи, тој најави дека ќе побара од внатрешна контрола да испитаат, дали постапката и истрагата биле добро спроведени.

Истрагата е завршена, потврдија од МВР и напишаа:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди (ОВККИПС) при МВР, на барање на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, a во врска со истрагата за двојното убиство на П.Ж. и В.Ѓ., изврши проверки во СВР Скопје и СВР Велес.

Ја информираме јавноста, со оглед на тоа дека извештајот е класифициран, утврдено е дека не постојат основи за покренување на дисциплинска постапка, а воедно, до Бирото за јавна безбедност при МВР се упатени задолжителни мерки да се донесат нови процедури и упатства за постапување.

Оваа вест ја потврди и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, кој напиша:

-Би сакал да ја информирам јавноста дека внатрешната контрола утврди дека не постои основ за дисциплинска постапка во врска со истрагата за двојното убиство на В.Ѓ. и П.Ж.