Николовски: Најавувам дека од утре стартува повикот за мерката 3 од новата ИПАРД 3 програма – на располагање 14 милиони евра

Денеска од овде од Кочани каде имаме многу успешни #ИПАРД приказни, најавувам дека од утре стартува повикот за мерката 3 од новата #ИПАРД 3 програма, со која ставаме на располагање 14 милиони евра за инвестиции од оваа мерка.

Мерката 3 се однесува на инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски производи. Финансиската поддршка се однесува на кофиннасирање на инвестицијата до 50% од вкупно прифатливите трошоци.

Поддршката кај оваа мерка може да достигне и до 60% кофинасирање, кај инвестиции во енергетска ефикасност, производство на биомаса и обновливи извори на енергија за сопствени потреби.

Минималната прифатлива вредност кај мерката 3 е инвестиција до 50.000 евра, додека максималната поддршка може да достигне до 1,5 милиони евра, по корисник.

Продолжуваме заедно!